Atanasij's Blog

Митрополит на Лемесос Атанасиј: УЛОГАТА НА ДУХОВНИКОТ
Од книгата за Старецот Силуан претходно ги разгледавме темите за гордоста, за смирението за духовното движење во просторот на Црквата и сега се наоѓаме кај следниот поднаслов. Старецот вели: Многумина кога ќе дојдат во контакт со монаси не гледаат кај нив ништо значајно и се оддалечуваат незадоволни и дури и разочарани. Тоа се случува затоа што му пристапуваат на монахот со погрешен критериум и со несоодветни барања.

Значи, често пати постојат многу луѓе кои кога му пристапуваат на еден духовен човек, на еден монах, на еден духовник, на еден свештеник не гледаат кај него ништо што би имало вредност и си заминуваат разочарани и незадоволни, а тоа се случува затоа што пристапуваат со погрешни критериуми. На Света Гора, и воопшто во целото Православие, човекот се наоѓа во големи изненадувања, бидејќи среќава луѓе, како во монаштвото така и надвор од монаштвото, кај кои надворешноста не сведочи за ништо значајно и вредно. Меѓутоа, кога ќе ги сретнеш од блиску и кога ќе зборуваш со нив и кога имаш духовен контакт со нив, тогаш гледаш дека во нив се крие една огромна ризница. А таа ризница не е од ништо друго, освен од опитот на Црквата, односно од опитот на Светиот Дух што се пренесува од генерација на генерација. Апостолот Павле вели: Ја имаме оваа ризница во глинени садови, односно ја имаме таа скапоцана ризница на Богопознанието во нашиот човечки глинен сад, во нашата сиромашност. Овде би сакал да кажам нешто што е многу суптилно и е потребно многу внимание за да го разбереме правилно. Многупати сите забележуваме дека многумина го почнуваат духовниот живот со еден ентузијазам среќавајќи некој духовен човек, свештеник или монах, и им остава впечаток првиот пат, вториот, третиот пат. Се обидуваат да му пристапат што повеќе, да примат совети и да ги применат во својот духовен живот. Меѓутоа, во еден стадиум на тоа движење забележуваме дека тие луѓе некаде наоѓаат тешкотија, товар. И така, се забележуваат две работи. Прво, почнуваат да се оддалечуваат од тој духовен човек кого што го сретнале и истовремено се намалува нивниот духовен живот и обично причината ја наоѓаат кај духовникот, односно дека духовникот нема време да се занимава со нив или не сака да се занимава со нив, или едно очекувале од нивниот духовник, а друго нашле, друго сакаат, други потреби имаат, не се задоволни итн. Тоа го забележуваме сите, и јас во мојот личен живот, и воопшто во животот на луѓето од Црквата. Се прашуваме која е причината поради која постои тоа духовно оладување. Односите на духовниот отец со Христијанинот кој доаѓа на Светата Тајна Исповед и ги изложува своите проблеми, тешкотии, гревови и целиот пат на својот духовен живот, се многу свештени односи, сериозни односи и кои пред сé треба да бидат многу здрави односи. Ако во тие односи навлезе нешто човечко, нешто болно, тогаш бездруго ќе имаме болни резултати. И уште се случува и нешто многу чудно, односно постојат луѓе кои во почетокот влегле со многу ентузијазам, наоѓајќи го духовникот помислиле дека го наше својот спасител, да речеме, и со многу ентузијазам и љубов зборуваат за него. По кратко време ќе видат дека работите не се такви како што ги очекувале и целата таа љубов се претвара во злоба, дури и во омраза. Сме виделе луѓе кои со голема манија ги намразија своите духовни отци и ги намразија не затоа што им направиле нешто лошо, туку затоа што во нив се раздвижил еден чуден психолошки процесс. Тоа што овде о. Софрониј вели дека му пристапуваат на монахот, и поопширно на духовникот, со погрешни критериуми и погрешни барања, мислам дека е одговорот на овие работи, односно нашиот духовник е духовен човек, свештеник, монах, и е личност која по својот свештенички повик е должна да го прифати товарот на народот Божји. И, секако, не престанува свештеникот да биде личност, човек ,кој има ограничени сили и ограничени можности и нормално е во одредени моменти да им дава приоритети на луѓето. Тоа не е чудно, ниту е прашање на претпочитање, туку како еден лекар кој во одреден момент му ја врзува раната на некој што се исекол со нож и одеднаш доаѓа амбулантната кола и остава некој осакатен од некаква сообраќајна несреќа, и лекарот веднаш ќе истрча кај него, затоа што тој што се исекол со нож, ќе се исцели и самиот, а другиот е пред смрт и треба да му се обрне внимание подолго време. Истото се случува и со духовниците. Честопати ги вреднуваат ситуациите и даваат приоритети. И природно, бидејќи и тие се луѓе и за нив времето е 24 часа, не се бескрајни часови, а ги имаат и своите лични потреби, кои не се само потреби да јадат и да се одморат, туку се и духовни потреби, бидејќи тешко на тој духовник што ќе го пренебрегне својот духовен живот и ќе биде вшмукан од океанот на луѓето, затоа што во тој случај кога тој ќе ја гледа својата молитва и својата духовна состојба? Значи, така се забележува појавата дека луѓето се соблазнуваат, се разочаруваат, го осудуваат својот духовник, бараат да најдат други духовници кои наводно имаат време и разни други работи. Конечно, сето ова не сведочи за ништо друго, освен дека нешто некаде не оди добро. Доколку би знаеле правилно да се исповедаме, тогаш исповедта би се вршела со пет збора, а духовникот би можел да не каже ниту збор или само две реченици. Меѓутоа, тоа што не се исповедаме правилно е причина што се измачуваат духовниците и што им се одзема времето на другите луѓе. Потребно е многу внимание за да се одржи нашата средба со духовникот на ниво на молитва, да не достигне во ниво на муабет, на пример, разговараме за нашата канцеларија, за нашите работи, за нашите деца, за снаата, за зетот, за свекрвата, како што правиме муабети со нашите сосетки. Ако имаме проблем со било која личност, тогаш само наведуваме дека имаме проблем со свекрвата, на пример, се нервирам кога ја гледам, и тоа е доволно. Нема потреба да кажеме дека доаѓа, ѕвони, влегува внатре, седи на фотелјата итн. И така започнуваме едно брборење без врска. Страшна работа! Слушав порано, кога бев помлад, велеа разни духовници колку е тешко  да исповедаш, и читав во книгите дека е потребно многу сила, а на едно место прочитав дека се потребни челични нерви. И си велев, добро, зошто челични нерви, што прават? Седат на фотелја и, колу убаво, слушаат еден куп случки од луѓето и разговараат. Каде го најдоа заморот и челичните нерви? Е, кога ми дојде и мене редот да седнам и јас на таа столица, тогаш видов дека навистина не само челични, туку не знам какви нерви се потребни за да го издржи човек тој товар и на гревот на секој поединечно и на неговото незнаење, но и на неговото празнословие, за жал. Затоа, бидејќи многумина од вас се исповедате кај мене и бидејќи овој поднаслов зборува за пристапот кон духовникот, треба да разбереме дека не му пристапуваме на духовникот како на човек, односно за да станеме пријатели. Нашиот духовник нема време за пријателства или не треба да воспоставува пријателства. Духовникот е тој кој е жива икона Божја, кај кого ќе одиме за да му ја кажеме нашата помисла, нашиот проблем и од него ќе ја примиме информацијата на Божјата волја. Тоа да нé интересира и да не бараме ништо друго, затоа што не е можно да ни се даде. Може, се разбира, на почеток, колку што има време еден духовник, да направи една посета, да поседи еден час повеќе и сл. Но, кога ќе се умножат луѓето, како е можно да ги прави сите тие работи? Невозможно е! А уште повеќе кога ние бараме плус време, особени часови, тогаш бездруго нема да може да одговори на тоа и ние ќе се нажалиме, а и духовникот ќе се нажали, затоа што знае бидејќи ние сме духовно незрели, ѓаволот ја користи неговата неможност да одговори на тие наши барања и му прави штета на човекот. Иако би бил доволен и еден збор за да се спаси некој, сепак некој не го прифаќа тоа и гледате се случуваат разни жални ситуации. Разбирам дека живееме во една епоха во која речиси сите имаме психолошки проблеми и многу лишувања. Лишени се деца од љубовта и грижата на нивните родители, лишена е сопругата од љубовта на нејзиниот сопруг и обратно, лишен е малиот од заштитата на големиот, сите имаме лишувања. Тешко можеме да најдеме интегрален, совршен човек. Меѓутоа, да научиме да ја имаме нашата надеж во Бога, да ја очекуваме од Бога помошта, да го очекуваме од Бога исполнувањето на нашите потреби, да не очекуваме од човек, бидејќи другиот човек не е возможно да нé исполни. Знаете дека падот на Јуда, според светите Отци, се случил затоа што и тој се разочарал од Христа, бидејќи очекувал други работи, односно очекувал Христос да дигне востание против Римјаните, да стане Цар Израилски и да ги направи Апостолите Министри. Кога видел дека Христос ги нема на ум тие работи и дека отишол на доброволна жртва, тогаш тој се запрепастил, си рекол што е ова? Ние сакавме да го обнови овде Израилското Царство, а Тој оди да се предаде, значи не е ништо. Тоа разочарување било резултат на погрешниот пристап кон Христа. Од погрешниот пристап тргнуваат многу работи. И воопшто, кога ñ пристапуваме и на Црквата дури, и на Бога, и бараме од Бога работи што нема да ни ги даде, затоа што не ни се од полза, тогаш се разочаруваме. Кога очекуваме од Бога да исполнува сé што Му бараме, да нé има секогаш здрави, пресреќни и насмеани и да не се разболеме никогаш и да не умреме и сите наши работи да одат совршено затоа што Го љубиме Бога, тогаш бездруго ќе се разочараме. Затоа што, сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети, и ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат, рече Христос, и во светот ќе имате маки. Значи, ни вети дека во светот ќе имаме маки, ќе имаме гонења, а не ни го вети тоа што ние погрешно го очекуваме. Истото се случува и при пристапувањето кон некој духовен човек. Се сеќавам дојде еден и ми вели дека не сака веќе да се исповеда кај мене, затоа што, вели, сака духовник со кого ќе бидат пријатели, ќе прават муабети, ќе му доаѓа дома, ќе прават прошетки. Е, многу убави работи се тоа доколку некој духовник има време да го прави тоа. Но, мислам дека таквиот има повеќе потреба од добри пријатели, а не од духовник, бидејќи таквите работи, прошетки и сл. ги прават добрите пријатели. Ако еден духовник почне да ги прави овие работи, што за жал ние духовниците сме ги правеле и тие грешки, тогаш сé се расипува. Се сеќавам на еден духовник на Света Гора кој му велеше на Старецот: “Јас ќе земам малку духовни деца, нема да земам многу да се исповедаат за да можам да одговорам на сите и да ги собирам сите редовно да јадеме сите заедно, да се собираме и да имаме така, на некој начин, едно општење и заедница”. Го слушнавме и рековме камо среќа, да даде Бог, да се направи една таква ангелска заедница. Но, Старецот му рече: “внимавај, затоа што ако има и жени таму внатре, тогаш брзо ќе се распадне таа работа!”. Каков беше резултатот? После две – три средби, откако секоја ги разбрала тајните на другата, започнале погрешни разбирања, недоразбирања, озборувања, подозренија дека духовникот му дава поголемо значење на еден, а на друг не, и се случила таква конфузија, што на крај духовникот беше близу до расчинување. Се случија такви збрки што ниту Сатаната не можеше да ги отплетка. А сето тоа зошто? Затоа што сме болни и погрешно им пристапуваме на Црквата и на духовните отци, а и нашите духовни отци од неискуство мислат дека треба да одговорат на сите потреби на луѓето, иако не се обврзани на тоа. Тешко мене ако имам две – три илјади луѓе што се исповедаат кај мене и јас да треба да им се јавувам по телефон на секои 15 дена или на имендени и да ги прашувам како сте, да им честитам итн. Тогаш, би требало да имам еден компјутер кој постојано ќе ми врти телефони. Разбирате, не одат тие работи така. Значи, да научиме да им пристапуваме на духовниците со правилни претпоставки. Од нив да го очекуваме изразувањето на Божјата волја. Да очекуваме од духовникот да дејствува слободно, ако процени дека е потребно време, тогаш ќе ни даде време, ќе ни даде денови, ќе ни даде години. Но, ако процени дека е доволен еден збор, тогаш е доволен, за да можеме да напредуваме правилно. Од моето мало искуство видов дека оние луѓе кои правилно им пристапија на своите духовници, тие со најмалку посветено време, напреднаа. А, други со многу посветено време, речиси нула напредок или многу малку. Значи, не е времето, туку начинот е тој што има големо значење.

Треба да разбереме и дека еден духовен човек, како човек, има ограничени знаења и бездруго ќе прави грешки ако одговара на секакви прашања вон духовниот живот. Значи, како светите Отци, така и Светото Писмо правеле грешки кога зборувале за теми што не се допираат до Теологијата и до духовниот живот. На пример, ако ги читаме делата на светиот Василиј Велики, ќе видиме дека тој го напиша толкувањето на Шестодневот со научните знаења од таа епоха, кои 90% се сите погрешни, барем во однос на денешните факти. Меѓутоа, тоа не кажува ништо, односно не значи дека светиот Василиј Велики не е светител бидејќи изрекол грешки во Шестодневот, ниту, пак,  Светото Писмо кое мислело дека сонцето се движи, а не земјата, правело грешки. Светото Писмо и светите Отци не се ниту астронаути, ниту космолози, ниту математичари, ниту физичари, ниту биолози, ниту хемичари, ништо од сите тие работи. Кога зборуваат за тие работи, тогаш најголемата веројатност е да прават грешки. Меѓутоа, кога зборуваат за духовниот живот и за опитот на Христа во нивното срце, тогаш зборуваат непогрешливо. Во прашањата за догмите и за Теологијата се изразуваат непогрешливо. Во останатите теми постои голема веројатност да прават грешки, и затоа да не ги прашуваме. Како што мене еднаш еден ме праша каква марка автомобил да купи, а јас од некаде имав чуено дека таа и таа марка е добра и му реков земи ја неа, за да куртулам, затоа што настојуваше. Отиде, го зеде тој автомобил и сé додека го имаше ме колнеше мене, додека на крај не го продаде со илјада тешкотии, затоа што не можеше да се продаде тој автомобил. Е, што да правам и јас? Се разбирам ли јас во автомобили? Моја работа ли е да кажувам кој каков автомобил да купи? Да ме прашаше колку бројаници да врти (да се моли), ќе му кажев. Да ме прашаше колку да се причестува, ќе му кажев. Да ме прашаше како да ги победи страстите, ќе му кажев. Но, која марка автомобил да купи, јас не знам. Тоа е погрешен пристап. Да му кажеме на духовникот: отец, дај ми благослов таа и таа работа да ми оди добро; тогаш тоа е во ред и е благословено. Но, не работи кои се надвор од духовниот живот. Тоа е погрешна стартна точка, која ќе има погрешни резултати.

Од циклусот предавања на Универзитетот во Левкосија, Р. Кипар

Старец Арсениј Папачок од Романија: ЗА ТАЈНАТА НА ЉУБОВТА
Овој свет не е виновен. Ние сме виновни, затоа што не знаеме да го љубиме и да го цениме! Што сме направиле ние за овој свет? Тоа е она што се бара!

Една голема љубов за Бога бара постојана жртва. Не можеме никогаш да живееме без проблеми и без стрели насочени кон нас. Не слушате што ни вели Христијанското учење? Не дојдов да донесам мир на земјата, туку меч… и непријатели на човека ќе му бидат неговите домашни… (Мат. 10, 36). Но сето тоа не треба на никаков начин да го обезнадежува човекот. Дури и кога човекот често е изложен на тие несреќи, тоа не значи дека ќе се разочара во својата борба. Не! Бог ја знае твојата мака и со тие неволји те испитува, за да те направи достоен да се овенчаш со Неговата богата и вечна благодат. Тоа посакува да го направи Бог во твојот живот. Да те овенча со невенливите цветови на рајот уште од овој живот.

Не можеме да замислиме еден човек кој сака да се спаси, но без добродетели. Од каде произлегуваат тие добродетели? Произлегуваат од борбата со искушенијата, затоа што без борба не може да има жртва! Крстот го спаси човечкиот род. Не Божјата правда, ниту Неговите чуда, туку Крстот. Кога Исус беше распнат, тогаш го победи ѓаволот. Спасителот триумфираше на Крстот, а ѓаволот беше совладан. Следствено, ниту еден Христијанин не е ослободен од својот крст, бидејќи испитувањето, возљубени мои, е Божји дар. Не е секогаш Божјо карање. Но дури и да е карање испитувањето, неговото значење лежи во можноста за враќање на човекот кон подобро.

Секој од нас констатира дека не доаѓаат многу луѓе во црква. Но одењето во црква не треба да биде нешто принудно, ниту да претставува една прилика, како што се другите занимања во нашиот живот. Такво одење во црква наместо да ја зајакнува, ја ослабува верата и душевната сила на човекот и му предизвикува побрканост. Поради многуте падови, човекот многу пати доаѓа до степен да си каже: Што? Само јас да одам во црква? Гледам дека речиси сите не одат… Следствено, најдобро е да се молиме за решавање на тие проблеми кај овие луѓе. И, ве молам возљубени мои, таа молитва да се врши со вистинска и искрена љубов. Не со лицемерна и формална љубов која постои денес кај многу луѓе. Треба да ја чувствуваш потребата да љубиш.

Никој не доаѓа до тебе без некоја конкретна причина. Ти се доближува со Божја промисла и љубов, бидејќи верува дека при тебе ќе најде некаква помош или ти ќе имаш некаква полза од него. Можеби ќе имаш полза од него, бидејќи може да има поголема духовна сила од тебе. Или, можеш ти да му помогнеш, во смисла дека го трпиш и прифаќаш да разговараш со него. Наша голема грешка е кога го разгневуваме или го бркаме нашиот брат! Бог го трпи и него и го донел на твојот пат да го трпиш и ти. Така од Него ќе го примиш венецот на љубовта!

Доколку правиме некакви добри дела, не е во ред да ги правиме од обврска, бидејќи така стануваме сурови. Да ги правиме во име на Христовата љубов на било кој начин и колку што можеме. Бидејќи Бог сеуште нé трпи во овој живот не затоа што сме достојни, туку затоа што Он е многумилостив и преку Него доаѓа Неговата милост во нашиот живот. Ако, на пример, некој е непријателски расположен кон својот ближен и неправедно го осудува за неговото однесување, тогаш станува вознемирувач и на другите луѓе. Но ако застане на разговор со Бога, Он ќе му рече: Возљубен мој, Јас го љубам овој човек, таков каков што е. Дојди на Моја страна и возљуби го и ти. Затоа и го држам во живот. Следи ја Мојата љубов и не го мрази. Јас Сум Бог и те држам и тебе во овој живот. Колку грешки правиш секојдневно, но Јас ги игнорирам.

Тој внатрешен дијалог што се прави со смирение, му пружа духовна безбедност на христијанинот кој се бори. Во него на многу начини изгрева љубовта, без која не може да биде ништо, дури кога би можел и планини да преместува. Дури и кога би го дал телото да изгори и да биде распарчено од ѕверови заради Христа.

Милостиња не е само да даваш од твоето кесе. Милостиња е да го прифаќаш човекот да седи до тебе, без да го оддалечуваш со твојата помисла. Имаш некој собрат кој минува низ некоја неволја во својот живот. Треба да знаеш како да го утешиш, како да го скротиш неговото лице. За сиромашните можеш да кажуваш една кратка молитва: Господи помилуј го тој и тој, доколку не можеш нешто да му дадеш, затоа што си во автобус, а тој е на тротоар. Прашањето е во која состојба се наоѓа нашето срце во однос на болката што владее околу нас. Најголемото дело за кое ќе дадеме одговор на Идниот Суд ќе биде ова: Зошто не им дадов повеќе внимание на моите ближни?

Постои заповед во христијанското учење: Човекот да го почитува целото создание, а уште повеќе човечкото битие, кое е според Божјиот образ и подобие. А, факт е, дека искривоколчената природа те поттикнува да се интересираш само за твоите проблеми, а многу тешко да се заинтересираш за другиот. А Божјата заповед е токму таа: Да се жртвуваш за другиот. Јас ви кажав еднаш: Се наоѓав во една состојба, која ми изгледаше како сон, но ми беше толку силна како да беше вистинита, така… имав умрено и го гледав, како што се вели, моето мртво тело, бидејќи душата никогаш не умира. Се гледав себеси во ковчегот и кога ковчегот стигна и влезе во гробот, реков: Колку е убаво да оставиш нешто од себеси надвор од гробот! Тоа ќе ти помогне да живееш за секогаш. Милостињата е нешто твое.

Со тоа што ќе му дадеш милостиња на еден или на друг, покажуваш дека во нивните личности Го среќаваш Христа. Дури, не знаеш, дали тој што го помагаш можеби е Самиот Христос со облеката на тој сиромав! Он не ја пружа Својата рака да Му дадеш, туку ја испружа Својата рака за да ти го даде Царството Небесно, а ти не го сфаќаш тоа. А луѓето обично бараат една мала паричка.

Браќа мои, запаметете дека просјаците се библиски личности. Минувате покрај вратата на вашето спасение и многу е лесно да чукнете и да влезете внатре… Најстрашно е да го презреш просјакот. Просјаците никогаш нема да исчезнат, за да те потсетуваат на твојата должност. Но и во Црството Божјо, преку нив ќе поминеш! Се собираат по групи покрај патот и разделуваат, колку што собрале работи или пари, и велат: Ова ми го даде тој и тој… Спомни Си Господи за него во Твоето Царство… И тоа има вредност. Спасителот за да нé охрабри ни рече: Ќе примиш стократно.

Сакаш да се збогатиш? Дај нешто што имаш! Ќе примиш стократно. Ова не го велам имајќи се за пример себеси,туку ако го познаваш житието на светиот Јован Милостив, ќе се потресеш! Светиот Јован, кога отишол во Архиепископијата каде што бил избран за пастир, прашал: Колку пари во злато има Архиепископијата?, и му одговориле дека има толку и толку литри злато. Да им ги дадете на сиромашните, им рекол. Кога економите ги слушнале овие зборови се вознемириле и му рекле дека ќе западнат во крајна сиромаштија. А Бог испратил стократно во споредба со она што го дале. И колку што давал Светителот, толку повеќе доаѓало. Економите постојано негодувале. Гледаш, дека човекот не забележува кога зема, туку кога дава. Но средствата доаѓале во редовни периоди стократно. Тоа се зборови на Светото Писмо! Јас го немам правото да им се спротивставувам на тие зборови. Со авторитетот на тие Божествени зборови од Светото Писмо, се навикнуваме да ги применуваме во нашиот живот без неверие. Светите Тајни на Црквата се втемелени врз зборовите на Светото Писмо. Тоа што ќе го разврзете вие, ќе го разврзам и Јас. Со овие зборови е втемелена светата тајна Исповед.

Според тоа, да се трудиме да живееме не сами, туку во сите кои се со нас.

Во Евангелието постои најубавата Христова заповед, која толку настојчиво ни ја порачува: Љубете се еден со друг. Гледаде дека на секој начин треба да се проверуваме себеси дали го имаме тоа чувство на љубов кон сите луѓе. Во пракса е потешко. Не можеш да ги љубиш сите со истата љубов секогаш. Добро, тоа е разбирливо. Но, барем на ниту еден начин да не ги мразиш другите. Ако не ги мразиш, тогаш не си во водата, туку си се искачил на првото скалило. Се наоѓаш на суво. Се разбира, тие скалила достигнуваат до последното, а тоа е скалилото на највозвишената љубов. Слободен си и ја имаш можноста да се искачиш доколку не мразиш. Значи, тоа е еден добар почеток. Што е едно скалило? Две долги дебели дрва кои меѓусебно се соединуваат со други помали. Значи, ако стапнеш на првото дрво (првото скалило), тогаш си спасен. Постои нешто свештено во нас. Бог ни го дал, бидејќи нé создал со заповед и можност да се љубиме еден со друг. И некаков глас ни вели во нас: Зошто да стоиш само на првото скалило на љубовта? Искачи се погоре, на следното. И тогаш се преплавуваш од љубов, која до тогаш не си ја познавал. Таа те успокојува и те советува да се искачиш и на следното скалило. Така, полека полека, човекот може да стигне до последното скалило на Божествената љубов, која е врска на совршенството.

Спасителот не ни вели дека скалилата се триесет, бидејќи тоа учење ни го кажува светиот Јован Лествичник. Спасителот ни вели само: Да се љубите еден со друг. Ни порачува на еден совршен и решителен начин. Но ние денес имајќи толку многу слабости и трзавици со луѓе, кои понекогаш се со ниско христијанско образование, помеѓу две зла, го одбираме помалото. Значи, штом не можам да го возљубам мојот ближен, бидејќи или јас сум острастен или тој, тогаш барем да не го замразам, при што стојам на првото скалило, а не во калта на мојата безнадежност и погубување. А ако се држиш со раката за горното скалило, тогаш тоа значи дека е возможно да се искачиш на него, бидејќи го држиш со твојата рака. Тоа е Божја заповед. Не треба повеќе да го коментираме ова, и затоа да останеме барем во односот со нашиот ближен велејќи му Добар ден и да не мразиме никого.

Залудно се мачиме да вршиме други христијански добродетели, доколку немаме братски односи со нашиот брат. Браќа мои, да знаете дека треба нашето срце да е постојано слободно кон Христа. Бидејќи дури и еден мал непријател, кој се дрзнал да се закачи во некоја област на нашето срце, е способен да Го оддалечи Христа од нашето срце, кое е Негово постојано живеалиште. Значи, Христос не сака да живее во нас ниту најмалиот наш духовен непријател. Не постои врска и заедница помеѓу доброто и злото. Спасителот ни вели: Да ми го дадеш целиот твој живот, целото твое битие!, а ѓаволот ни вели: Мене да ми го дадеш само твојот прст. И со таа отстапка што му ја правиме на ѓаволот, целосно нé окупира (владее со нас). Ете, се наоѓа до тебе. Не е веќе Христос до тебе, доколку ти си му го дал барем и ноктот од твојот прст!

Затоа немој ниту да дискутираш со ѓаволот. Голема грешка е кога велат некои: Се искарав со ѓаволот! На ѓаволот многу му се допаѓа тој дијалог со човекот. Значи, да се молиш. Тој бега само со твојата молитва. Доколку чувствуваш дека те измачува телесно на некој начин или некако те вознемирува, помоли Му се на Христа: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот. Оваа молитва да ја имаш постојано во својата уста и во својот ум. Но не со агонија и вознемиреност, туку со кротост и прибраност. Бидејќи, и сега ви повторувам, какви било и да се причините на некое искушение или секирација, тие произлегуваат од ѓаволот. Божјата благодат не доаѓа таму каде што има секирација, скрб и очај, бидејќи едно такво Божествено богатство не пребива кај човек кој не знае да го складира во себеси и кој го растура надвор. Таа благодат не доаѓа за да завладее над него, туку доаѓа таму каде што има духовно тихување и кога неговото битие ја преобразува таа Божја благодат со лични иницијативи сé додека да достигне во мерата на совршен човек и самиот да стане бог по благодат. Но длабочината на една облагодатена состојба во духовниот живот не се гледа, туку се доживува. Чувствуваш кога те вознемирува гордоста. Меѓутоа смирението не е толку осетно. Човекот никогаш не вели: Јас сум смирен. Но и покрај сето тоа, сепак чувствува внатрешна радост, бидејќи има чувство на топла љубов за човекот и за светот.

Ако имаш рационалистички однос со светот, велејќи дека си слободен да не ја примиш посетата на твојот брат, тогаш тоа не те удостојува духовно. Треба да го возљубиш вистински со сето твое срце. Стратешки ви давам еден совет: Не можеш да го возљубиш твојот брат од првиот момент, но остани на тоа скалило барем да не го мразиш. И ако те најде смртта без омраза кон твојот брат, тогаш знај дека умираш како пријател на твојот непријател и Божјата благодат ќе те придружува.

Да знаете дека омразата кон нашиот брат е ѓаволска. Често доаѓа помислата и ти вели: Ах, што би му направил!

Возљубен, десетте заповеди не треба да ги научиме како некогаш на училиште, туку треба на секој начин да ги применуваме. Одејќи кај духовникот, да му кажеш дека не си ја исполнил таа и таа заповед, дека ти се случило тоа и тоа, или таа и таа состојба на нештата те попречила. Ќе објасниш зошто не си можел, при што имаш и олеснителна околност, но на ниту еден начин да не веруваш дека си целосно ослободен, затоа што искрснало нешто и ти не си ја исполнил заповедта.

Си работел во Недела. Но Божјата заповед е да не работиш. Меѓутоа, некоја околност те принудила да работиш. Не би требало да те укорувам, туку е потребно да го исповедаш тоа и можеби духовникот нема да ти даде епитимија.

Двајца луѓе решиле да го посетат Ерусалим. Отишле пешки, во тешки услови, бидејќи тогаш немало превозни средства. Чекорејќи кон Ерусалим, влегле да преноќат некаде каде што имало многу болни. Се обиделе и двајцата да им помогнат, колку што можеле. Но еден од нив рекол:

Јас не одам во Ерусалим, бидејќи не можам да ги напуштам болните?

Зошто, возљубен мој, кога веќе така решивме.

И другиот заминал сам и стигнал во Ерусалим. Таму имало многу народ, поради Христовото Воскресение.

Поклоникот, влегувајќи во црквата со голема тешкотија низ главниот влез, го сретнал во Олтарот својот сопатник кој останал да се погрижи за болните. Помеѓу двете добри дела (поклонението и болните) го одбрал поголемото. Тој што се погрижил за болните посакал да достигне до врвниот степен на Светото Писмо, а тоа е љубовта. Заповедта за љубовта е највисока заповед, и затоа Спасителот настојува на неа. Според тоа, оправдано произлегува прашањето кое сите ние треба да си го поставиме, секој на себеси: Љубам или не љубам? Тоа е Христова заповед, возљубен мој! Немојте да мислите дека Христос зборувал само за тој век, односно само за епохата на Апостолите. Не. Зборувал за сите векови и за сите епохи. А ние ја имаме скапоцената привилегија што сме христијани. Не го следиме Буда или други идололатриски божества како другите луѓе, кои живеат далеку од Христа. Ние, со бескрајното Божјо милосрдие, Го следиме нашиот Исус Христос.

Запаметете добро дека љубовта е критериум на идниот Суд. Во Евангелието што го читаме во Неделата на Идниот Суд се вели: Бидејќи бев гладден и Ме нахранивте, бев жеден и Ме напоивте, бев странец и Ме прибравте…бев болен и Ме посетивте… (Мат. 25, 35 – 36). Не зборува за други работи или не знам за што друго. Зборува само за љубовта.

Зошто го мразиш твојот брат? Со твојот став докажуваш дека не го љубиш, дека не го почитуваш како човечко битие. Од моментот кога го мразиш, не го признаваш како човечка личност. И тоа е доволно за да нé осуди.

Зборуваш лошо со толкава леснотија и со твојот внатрешен збор. А ако си запрашан, одговараш: И што, само јас зборувам лошо? А, впрочем и заслужува. Меѓутоа, ви кажувам дека тоа е голем грев. Веќе не само што не го љубиш, туку и си му непријател, го мразиш. Тогаш вршиш злодело, а не љубов.

Кога се молиме за некој кој не знае дека ние Му се молиме на Бога за него, тогаш Бог поради твојата љубовна молитва што ја правиш за него, му помага. Ти на тој начин ја исполнуваш заповедта за љубовта и стануваш спасител понекогаш, некаде, за некого. Ти ќе продолжиш да го спомнуваш и Бог ќе му помогне, бидејќи ја слуша твојата молитва.

Доколку спомнуваш некого, тогаш живееш со целиот свет, а особено со твоите браќа со иста вера во Христа. И тие, на еден непознат за нас начин што само Бог го знае, се обврзани за оние кои се молат за нивното спасение.

Освен молитвата, држи и добри односи со човекот. Фрли му една насмевка, за да види дека не си негов непријател. Не потсмев. Ако тој те предизвикува, ти насмевни му се со мир.

Возљубен мој, јас наведов една вистина. Меѓутоа, ти немој да се наоѓаш надвор од вистината. Доколку ти наштети или те насекира овој мој став за вистината на љубовта, тогаш не сум јас виновен. Вината е твоја, бидејќи не си со вистината.

Не можеме да формираме свои закони за љубовта. Заповедта: Да љубиш, е за сите. Што да правиме, бидејќи одговорот е овој: Постои и рај и пекол. На секого му е дадена можноста да не оди во пеколот, но и покрај сето тоа тој отишол во пеколот. Што да правиме? Ние ја вршиме нашата должност да љубиме, бидејќи и тие што се во пеколот ги љуби Бог. Но Божјата љубов сега ги камшикува во пеколот. Таму ги држи Божјата правда. Пеколот е една голема болка за Бога на љубовта. Тие сфаќаат дека Бог ги љуби и токму тоа ги измачува, и си велат: Гледај, дури и сега нé љуби; замисли колку би нé љубел доколку Го следевме. А што сé не направи Христос за да ги спаси луѓето од пеколот?!

Внимавај, возљубен мој! Направивме еден дијалог што се однесува до љубовта. Зошто чекориш по било кое патче, а не го следиш изодениот пат кој води во Горниот Ерусалим. На тој пат примаш удари и повреди од неколку остри камења, но не го напуштај поради твоите крвави рани. Да ги преврзеш, но да не скршнуваш од тој пат, бидејќи Божјата благодат не доаѓа од сите патишта.

Митрополит на Навпактос Јеротеј: ВРСКИ НА ИСЛАМОТ СО ПРАВОСЛАВИЕТО И СО ЗАПАДНОТО ХРИСТИЈАНСТВО
Исламот се прошири од Исток кон Запад и познато е дека западното општество денес е преплавено од Муслимани. Го велам ова затоа што многумина од нас ја немаат осознаено суштината на проблемот и затоа во нашата мисла го имаме поврзано Муслиманството со Истокот.

Многу европски земји имаат огромни проблеми од влегувањето на Муслиманите. Секако, не се сите Муслимани агресивни, бидејќи постојат многу личности на Исламот и поради тоа постојат тивки и мирни Муслимани, како што постојат и агресивни Муслимани.

Би сакал да видиме неколку факти за процентите и за бројките на Муслиманите кои живеат во Америка, токму затоа што таму се создаде проблемот.

“Согласно со Американскиот Муслимански Совет, чие седиште е во Вашингтон, денес во САД функционираат над 1500 џамии од кои 100 и повеќе во Калифорнија каде живеат околу два милиони муслимани, и свое седиште имаат повеќе од 200 студентски сојузи. Според Муслиманскиот Совет, во целата земја постојат над 165 исламски училишта, 500 исламски организации и 100 исламски весници.

Според квантитетот, муслиманите сочинуваат 3,4% од вкупното население на Калифорнија, 4,7% од Њујорк, 3,6% од илиноис, 2,5% од индијана, 1,8% од Мичиген, 2,4% од Вирџинија, 0,7% од Тексас, 1,2% од Охајо и 1,4& од Мериленд.

Американските Муслимани тврдат дека ја откриле Америка 300 години пред да ја открие Христифор Колумбо! Се повикуваат на кинески ракопис од 1178 година кој тврди дека првите муслимани стигнале таа година во МУ – ЦАН – ПИ (Америка). Во 1981 година беше основана првата исламска библиотека во Плаин – Фиело – Индијана. Во 1982 година беше основана исламската заедница на Северна Америка. Во 1991 година имамот Сирај Њаххаз упати молтва во американското Собрание на Гувернерите! Тоа беше првиот муслиман на кој му било дозволено да го стори тоа. Над 5000 муслимани војници служат во американската војска, но до овој момент немаат ниту една џамија согласно со Стејт Департментот. Во 1991 година градот Кунџе во Тексас го избра првиот муслиман градоначалник Чарлс Билал. Во 1992 година имамот Њаритх Деен Мохаммед упати молитва во американскиот Сенат, за првпат во историјата.

Вкупниот број на муслиманите во САД денес е околу 8 милиони”1.

Денес Америкнаците го сфаќаат проблемот што постои, додека до скоро ги поддржуваа Муслиманите против Православието, како што тоа јасно го гледавме во нашава област, односно ги поддржуваа Муслиманите на Балканот и Турците.

Покрај тоа што Западните Христијани (Паписти и Протестанти) Го прифаќаат Христа како началник на нивната религија, а Муслиманите го прифаќаат Мухамед како нивни водач и тоа е основната разлика, сепак постојат многу елементи кои покажуваат дека Западните Христијани од страна на теологијата и на начинот на живот повеќе се сродни со Муслиманите отколку со Православните.

Ќе го сконцентрирам вниманието на пет конкретни точки во кои се гледа сродноста на Муслиманството со западното Христијанство и отклонувањето на двете од Православното Предание.

Првата точка е безличниот и личниот Бог.

Во учењето на Исламот станува збор за еден Бог кој нема син. Значи, се нагласува единственоста и непристапноста Божја. Во Омаровата џамија во Ерусалим напишана е заповедта: Верници, да знаете дека Алах нема син. Во Коранот честопати се вели: “Твојот Бог е еден и единствен. Не постои (друг) Бог освен него, милосрдниот и милостивиот”. Според тоа, Богот на Муслиманството не е Троичен, не се состои од три личности и затоа е несфатливо дека Бог е личност. Во Суфизмот, пак, се нагласува суштината Божја.

Во Западното Христијанство се забележува истиот феномен. Под влијание на ставовите на блажениот Августин западната Теологија смета дека во Бога претходи суштината, а потоа следат Личностите. Западните христијани не можат да го сфатат односот помеѓу личностите и суштината, па затоа и стигнаа до телогијата на Филиокве, која го расцепкува единството на Личностите на Светата Троица. Исто така, во западното Христијанство не можат да го сфатат поимот на личноста на човекот, кого го сфаќаат како индивидуа. Така, западните Христијански Конфесии повеќе се сродни со учењето на Муслиманството за Божјата суштина отколку со Православието кое верува во Личен Бог, во реални односи помеѓу Личностите на Светата Троица и во тоа дека Бог комуницира со светот преку Своите несоздадени енергии.

Втората точка е човекоцентричниот и мистифицирачкиот карактер.

Коранот се одликува со својот човекоцентризам и со својот реалистичен и општественополитички акцент. Затоа Мохамед проповеда против монашкиот живот. Повеќе се интересира за општествениот карактер на неговите следбеници. Меѓутоа, подоцна се развил Суфизмот кој се одликува со еден безличен мистицизам под влијание на неоплатонизмот, но и под влијание на еретичкото Христијанство.

Токму тој човекоцентричен карактер и безличниот мистицизам го среќаваме во западното Христијанство. Она што го забележуваме во западните општества е дека се темелат на човекот, а не на Богочовекот (како што тоа го докажа во своите списи незаборавниот отец Јустин Поповиќ), но и кога зборуваат за внатрешна духовност тие се движат во еден надличен апсолутен и мистифициран простор.

Напротив, во Православната Црква центар на нејзиното учење и на нејзиниот живот е Богочовекот Христос, а животот во Христа е заедница на човекот со Бога, употребувајќи го православниот терапевтски метод кој се состои од очистувањето, просветлувањето и обожувањето. Тоа ја сочинува трезвеноумната Теологија. Секако, знаеме дека едно е мистицизмот, а друго е трезвеноумната – мистична Теологија.

Третата точка е општествената и душевна благосостојба.

Кога зборуваме за благосостојба, овде мислиме на трудот на човекот да ги задоволува своите желби додека живее во овој свет и, секако, по својата смрт да влезе во еден простор каде ќе се задоволуваат сите сетила на човекот.

Таа благосостојба е видна во Коранот и во целото Муслиманско учење. Со многуженството, но и со други одредби, Муслиманот ја стекнува благосостојбата, но тоа задоволување на сетилата и на желбите ќе продолжи и по смртта. Познати се ставовите на Коранот за Рајот и, како што се верува, благосостојбата на Алаховите верници што ќе се случи во другиот живот е рефлексија и зголемување на она што можат да го уживаат уште од овој живот.

Западниот начин на живот во оваа точка личи на Муслиманстото, бидејќи се интересира за задоволувањето на сетилата и за стекнувањето на благосостојба. Се работи за една евдемонистичка цивилизација, и западниот Христијанин не поседувајќи го целото аскетско предание смета дека стекнувањето на материјални добра и задоволувањето се дар и благослов Божји.

Напротив, Православната Црква со аскетскиот начин на живот кој е поврзан со трудот да се ослободи човекот од себељубието и од задоволството со доживувањето на скрбта – болка, јасно се разликува од хедонистичкиот и евдемонистичкиот начин на живот како на западните така и на источните религиозни индивидуи.

Четвртата точка е учењето на Муслиманите за Коранот и учењето на западните Христијани за Светото Писмо.

Исламот е единствената религија во која откровението не е дадено од личност, туку со света книга. Се верува дека Коранот е испратен од Бога и во суштина тој е Божјото слово. Муслиманите го почитуваат Коранот како лично битие, а самиот Мохамед се наоѓа под сенката на неговото ветување. Коранот, според муслиманското предание, е вечен и несоздаден и постоел отсекогаш со Бога како вечно објавување на Божјата волја. Според тоа Коранот се поистоветува со откровението и од него зависи спасението. Мохамед е обичен носиел на тоа откровение. Така се објаснува тоа што во Муслиманството се незамисливи свети тајни, ниту посредник помеѓу Бога и човекот.

Токму тие ставови многу нé потсетуваат на учењето на западните Христијани, воглавно на Протестантите, кои го сметаат Светото Писмо како откровение и само врз него се темелат, одрекувајќи ги Светите Тајни, светоотечкото учење, светителите, светите икони и целото дијахронично предание на Црквата.

Напротив, во Православната Црква веруваме дека Откровението им се дава на светителите кои имаат достигнато до обожување, и кои го опишуваат тоа откровение во нивните текстови. Исто така, веруваме дека центар на нашиот живот е личноста Христова и доаѓаме во општење со Него, учествувајќи во светите Тајни на Крштението, на Миропомазанието, на Божествената Евхаристија, секако, со соодветни претпоставки, односно со аскетската теологија која се состои во очистувањето, просветлувањето и обожувањето.

Петтата точка е таканаречениот теократски торталитаризам.

Исламот е еден теократски систем. Во Исламот не постои разлика помеѓу религија и држава. Мохамед не беше само пророк, туку и политички водач на неговата заедница. Коранот е и Устав на државата и, било религиозните, било политичките закони имаат религиозен карактер и произлегуваат од Божјите заповеди. Во овие рамки треба да се постави и учењето за војната која се смета за света. Земјите кои се наоѓаат надвор од Исламското владеење се нарекуваат “дом на војна” и се разликуваат од земјите кои се под Исламско владеење и кои се нарекуваат “дом на Исламот”.

Ова теократско сфаќање на општеството се среќава и кај Франките кои кога ја освоиле Европа го наметнале феудалниот систем, со усвојување на сфаќањето за светата војна. Не можеме да заборавиме дека и денес Ватикан е теократска држава во која се поистоветува религиозната со политичката власт и која ја благослови светата војна, т.е. Крстоносните војни заради “свети” цели. Но и Протестантските конфесии, како што е Калвинизмот, се вдахнати од такви теократски ставови. Познато е дека војните за кои се решаваат и кои ги водат западните Христијани имаат јасен “свет” карактер, како што тоа го гледаме во нашево време.

Поради тие причини сметам дека теологијата и духот на западното Христијанство повеќе се поврзани со муслиманската теологија отколку со теологијата на Православната Црква. Впрочем познато е дека како што постои муслимански фундаментализам, така можеме да забележиме дека постои и христијански фундаментализам, како што јасно се гледа кај христијанските конфесии на Запад.

Монах Арсениј Влианкофтис: ЈОГА И МЕДИТАЦИЈА
Нашава епоха е епоха на голема духовна конфузија и отпадништво од Божјата волја. Татко на таа состојба е ѓаволот, кој употребува луѓе што ги вовлекува во заблуда, за да го реализира својот човекоубиствен план. Таа конфузија ја негуваат воглавно групите на таканаречената “Нова Епоха”. Нивна основна догма е дека сите религии се исто. Сите се патишта кои водат кон истата цел. Меѓутоа, Самиот Господ наш Исус Христос ги побива велејќи во Евангелието: Јас Сум Патот и Вистината и Животот (Јован. 14, 6). Според тоа, не постојат многу патишта кон спасението, освен едниот и единствен, а тоа е Христос и Неговата Црква.

Проповедниците на конфузијта ја поистоветуваат христијанската молитва со јогата и со медитацијата, кои се техники на источните религии и на окултизмот.

Со тоа што ќе го кажеме во продолжение верувам дека ќе ја растуриме таа конфузија.

Христијанската аскеза

Аскезата е озаконета од Самиот наш Господ во светото Евангелие. Аскезата е средство за да се стигне до целта на христијанскиот живот, а тоа е ослободувањето од страстите и соединувањето со Бога (обожување по благодат). Форми на аскеза се: постот, бдението, молитвата, искреното покајание и исповед, смирението, трудот за отсекување на сопствената волја бивајќи послушни на Божјата волја, немањето доверба во сопствените непостоечки сили, туку во Божјата сила, да Му ги оддаваме на Бога сите наши добра и секој наш непредок на патот на добродетелта, а врз себе да ја префрламе одговорноста за нашите гревови. На ова треба да го додадеме и изучувањето на Божјото слово и свесното учество во Светите Тајни на нашата Црква, особено во Светата Тајна покајание и исповед и во Светата Тајна на Божествената Евхаристија. Аскезата не е само за монасите и за клириците, туку е за сите христијани, како што јасно се гледа во светото Евангелие и во житијата на Светите на нашата Црква. Тој пат на спасението го чекореле милиони Светители на нашата вера. Аскезата всушност е човекот да го тргне од својата страна: “сакам”. “Можам” го става од Своја страна Сесилниот Бог.

Така полека полека се исцелува болниот од гревот човек. Тоа исцелување се случува само во духовната болница која се нарекува Црква. За да се постигне исцелувањето неопходна е аскезата.

Аскезата во Православното терапевтско предание не е некаква техника. Не е збир од вежби.

Напротив, аскезата е усрдно одговарање на Божјата љубов. Значи, да правиме човечки сé што е потребно за да го очистиме внатрешниот човек, па да дојде и да се всели во нас Божјата благодат. Впрочем Бог го прави првиот чекор за да го сретне човекот, а не човекот за да Го најде Бога. Сега доаѓаме до критичната точка.

Наводни сличности

Постојат некои сличности помеѓу аскезата во православниот и во вонправославниот простор, кои можат да му направат впечаток на некого што се задржува на привидната сличност на дрвјата во однос на лисјата, а не ги гледа разликите во трупот, во корените и воглавно во плодовите.

Надворешните сличности на т.н. психосоматски метод на умствената молитва со техниките на медитацијата станаа повод за да се пишува многу, воглавно последниве години. Да не забораваме дека фалшливото секогаш го имитира автентичното. Ѓаволот може да се преправи дури и во ангел на светлината за да заблудува.

Меѓутоа што е молитва? Молитва е разговор на душата со Бога. Многу позната во монашкото предание е т.н. умствена молитва (Господи Исусе Христе, помилуј ме), која ја негувале и ја негуваат сите богољубиви души, а не само монасите.

Во што воопшто се состои т.н. психосоматски метод на умствената молитва? Во следново: Седи човек на едно ниско столче со наведната глава, така што да гледа кон градите под срцето и се обидува да го усогласи дишењето со Исусовата молитва, во чии што зборови и смисла се обидува да го сконцентрира својот ум и да го стоплува своето срце.

Меѓутоа тоа не се дава како рецепт, ниту го даваат сите учители на умствената молитва, ниту им се дава на сите кои би сакале да се занимаваат со тоа. И не треба да забораваме дека тоа може да помага, но тоа не е целта. Ова прашање ќе го развиеме во продолжение.

Медитацијата од друга страна ја дефинира Индискиот гуру Сатва Саи Баба како метод преку кој умот учи да се концентрира1.

Во овој случај на поврзување на умствената молитва и медитацијата се прави еден нечесен обид. Тоа е обид да се прикаже дека наводно имаме два различни, но суштински сродни патишта, кои водат кон истата цел, и дека имаме две различни преданија, но кои всушност го опишуваат истиот опит. За жал дури и професори на Православни Теолошки факултети, како што е на пример професорот Сава Агуридис, го поддржуваат тоа гледиште.

Овој обид за конфузија се вклопува во синкритистичките рамки, низ кои ги гледа нештата т.н. Нова Епоха. Како што кажавме и на почетокот, го велат тоа за да ги заблудат и заведат неутврдените, дека наводно сé е исто. Меѓутоа, во суштина ниту тие самите не веруваат во тоа, бидејќи веруваат дека нивната вера ñ припаѓа на Новата Епоха и според тоа се наоѓаат на повисоко развојно ниво од нас христијаните, кои сме останале, како што велат, залепени за старата епоха, односно за Епохата на Рибите, како што ја нарекуваат епохата на Христијанството!

Би можеле да кажеме многу за сфаќањето за Бога, за човекот и за светот, врз кое се темели христијанската православна молитва. Од друга страна би можеле да кажеме подеднакво многу за сфаќањето за Бога, за човекот и за светот, врз која се темелат јогата и медитацијата. Овие две сфаќања се меѓусебно потполно спротивни и неусогласиви. За нас христијаните Бог е Личност. Он од љубов го создал човекот, кој е исто така личност. Бог исто така од љубов го создал светот и се интересира за него, како што, се разбира, и многу повеќе, се интересира за човекот. Напротив, пак, согласно со источните религии и со “Новата Епоха”, Бог е безлична надсвест која се поистоветува со севкупниот свет. Значи, имаме пантеизам. Согласно со нив, човекот е капка која треба да изгасне во океанот на безличниот Бог – вселена. Не постои слобода ниту одговорност согласно со сфаќањето на “Новата Епоха”. Велат дека сé се детерминира врз основа на слепиот закон на кармата и на реинкарнацијата, кој секако не е закон, туку е едно религиозно верување на источните религии и на окултизмот. Согласно со таа заблуда, душата по телесната смрт влегува во друго тело, било човечко било животинско. Може да влезе дури и во растение или во камен, бидејќи сé во суштина е истото, како што велат.

Православниот став

Православниот став во врска со заблуденото гледиште дека наводно медитација и молитва е исто, може да се резимира во следново: Читам во книгата “Силата на Името” од Епископот Диоклиски г. Калистос Вер, профессор на Оксфордскиот Универзитет: Заедно со сличностите постојат исто така и разлики. Сите слики имаат рамки и сите рамки на сликите имаат некои заеднички карактеристики. Тоа што нé интересира е сликата, не рамката. Во случајот на Исусовата молитва, природните вежби се како рамка, а умственото повикување на Христа е слика во рамката. “Рамката” на Молитвата наликува на некои нехристијански “рамки”, но тоа не треба да ни го одвлекува вниманието од единственоста на сликата која е обвиткана со карактеристичната содржина на молитвата. Суштинската точка во Умствената Молитва не е нејзиното повторување само по себе, ниту како седиме или дишеме, туку кому му зборуваме; а во овој случај зборовите јасно Му се упатуваат на Воплотениот Спасител Исус Христос, Синот Божји и Син на Дева Марија.

И продолжува: (Исусовата молитва или умствената молитва е) повикување упатено кон една друга личност, кон Бога Кој стана човек, Исус Христос, кон нашиот личен Спасител и Искупител. Според тоа, Исусовата молитва многу се разликува од некој изолиран метод или техника. Постои во еден одреден контекст, и ако се оддели од тој контекст, тогаш ја губи својата вистинска смисла. Контекстот на Исусовата Молитва е најпрво контекстот на верата. Повикувањето на Името претпоставува дека некој кој ја кажува молитвата верува во Исуса Христа како Син Божји и Спасител. Зад повторувањето на една форма зборови треба да постои жива вера во Господа Исуса, во тоа што Он е и во тоа што Он го прави лично за мене.

Второ, контекстот на Исусовата молитва е контекст на заедницата. Не Го повикуваме Името како одделни индивидуи, потпрени исклучиво на сопствените внатрешни сили, туку Го повикуваме како членови на заедницата на Црквата…Ниту за еден момент (нашите Свети Отци) не се соочиле со повикувањето на Името Исусово како замена на Светите Тајни, туку прифатиле дека оној што ја употребува, би требало да е активен член на Црквата2.

И за да ги дополниме овие мисли:

Нашата цел во молитвата е да комуницираме со личноста на нашиот Господ Исус Христос и да се соединиме со Него, (но тоа соединување не ја укинува личната поинаквост), а во медитацијата целта е да се раствори индивидуалното Јас како капка во океанот на сесветската надсвест, која не е личност.

Во медитацијата не му се обраќа човек на некоја посебна личност, со која го поврзува љубовта, туку  се обраќа на Себеси, верувајќи дека самиот во својата суштина е Бог. Секако тоа е демонска заблуда и прелест, при што за да ја поткрепат, погрешно ги толкуваат искривувајќи ги Христовите зборови: Царството Божјо е внатре во вас (Лука. 17, 21). Меѓутоа, тоа не значи дека човекот по својата природа е Бог, како што заблудувајќи и заблудени веруваат и проповедаат новоепохистите, туку значи дека штом некој е крстен, тогаш во него живее несоздадената Божја благодат, односно Светиот Дух, а оној што ја има во себе Божјата благодат, тој од сега го живее тоа што го нарекуваме Царство Божјо.

Значи, медитацијата не е движење на излегување од егото, не е движење на ослободување од егоизмот, односно движење на љубов, туку е егоцентрично струјно коло.

Во медитацијата има обраќање кон медитативниот објект, како што го нарекуваат. Тоа би можело да биде, согласно со следбениците на медитацијата, ликот на Буда, огнот на една свеќа, или било што друго  (и зошто не, додаваме ние, и ликот на Луцифер, доколку тоа го “вдахнува” и му “помага” на тој што медитира).

Кога тие што практикуваат медитација им се обраќаат на христијани, за да ги заведат, велат дека во часот на медитацијата можат да го сконцентрираат своето внимание на Исуса Христа. Така ја негуваат конфузијата, бидејќи на терминот “Христос” му даваат друга содржина. За нив Исус Христос не е, како што е за нас, Бог и совршен човек, туку е еден од големите учители помеѓу другите. Меѓутоа, пред сé, како што велат, е состојба внатре во нас! Велат дека сите  по својата природа сме Христоси. Меѓутоа ние Православните не веруваме во демонската лага дека наводно ние по својата природа сме Богови, туку се бориме со Божја помош да Му се уподобиме на Христа и следствено на тоа да станеме Богови по благодат, како што се Светителите. Разликата е огромна. Во случајот на медитацијата се применува луциферската лага на автоспасението, а во случајот на молитвата се осветува човекот во заедница на љубов и на послушност со Единствениот Свет Троичен Бог.

Следбениците на медитацијата зборуваат и за надминување на медитативниот објект.

Меѓутоа, тоа “надминување на медитативниот објект” е потполно туѓо и неусогласиво со Православната молитва. Исус Христос не е за нас некаков медитативен објект, ниту, пак, наша цел е да го надминеме достигнувајќи до некоја “состојба на чиста свест” или “на подлабоко спознавање на Себеси”.

Еден друг момент што треба да го нагласиме е дека со техниките на медитацијата човек достигнува до височините на гордоста, а со молитвата се смирува, не презира никого и, реално спознавајќи се себеси, кога доживува состојби на Божјата благодат, се смета себеси полош од другите, дури и од бесловесните животни. Подолу од сета твар, како што читаме во “Старечникот”.

Медитирачот кој верува дека во својата суштина е Бог, не може да каже “помилуј ме”, два збора кои се клучот на умствената молитва. Со други зборови, следбеникот на догмата “сакам и можам” на новоепохистичката “позитивна мисла” да се смири.

Впрочем, медитацијата во конечна анализа, го води тој што медитира во состојба на автохипноза. Стремежот за соединување со објектот на медитацијата (што е главна цел на медитацијата) не е ништо друго освен производ на фантазијата, која согласно со Православниот аскетски терапевтски метод треба да се маргинализира. Тоа движење во просторот на фантазијата (поточно во просторот каде што реалноста и фантазијата се мешаат) може да достигне до состојби кои се во компетенција на психијатријата, како што се случи, на пример, со еден следбеник на “позитивната мисла”, кој се обидел со “силата на умот”, како што верувал, да запре еден воз, при што се разбира бил прегазен од возот. Постојат мноштво слични безумни примери. Секако, демонскиот фактор ги потпомага сите тие состојби.

Покајание и смирение

Аскезата не е техника. Тоа се виде и од споредбата помеѓу умствената молитва и медитацијата. Не е нешто со кое можеме да извршиме насилство врз Божјата слобода. Аскезата во Православното предание не е цел за себе, туку е средство. Нашата цел со аскезата не е да ги умртвиме страстите и да му наштетиме на телото. Ние не сме научени да бидеме телоубијци, туку страстоубијци, вели авва Пимен во “Старечникот”.

Бидејќи аскезата не е цел за себе, затоа и Православниот човек нема за цел да гледа светлини или виденија, да има “опити” или да прави чуда. Ако некогаш и некаде се појави случајно некоја “желба за виденија” или “желба за чуда”, ќе треба да знаеме дека тоа се скршнувања од Православниот менталитет и етос. Православниот човек ги одрекува “опитите” што ѓаволот е подготвен да ги понуди “овде и сега” и без да му бидат побарани. Се разбира, многу повеќе кога ќе му бидат побарани.

Постои голем јаз помеѓу еден вистински пророк, односно еден Светител на Православието, и еден окултистички магионичар, факир, чудотворец, медиум.

Отварајќи една мала заграда ги изложувам синоптички основните точки на разликата:

1. Пророкот, односно Светителот, не е самоизбран, туку е Богоизбран.

2. Вистинскиот пророк има чувство на својата ништожност, а магионичарот – чудотворец е полн со демонска гордост.

3. Вистинскиот пророк не отвара “фирма за пружање услуги”, ниту го повикуваат луѓето; тој оди при нив.

4. Вистинскиот пророчки збор е обично непожелен од оние кон кои е упатен и ги предизвикува, а не им ласка.

5. Содржината на пораката на вистинскиот пророк не е нова, туку стара која се заборавила.

И за да се вратиме на прашањето за виденијата и “опитите” затварајќи ја заградата, можеме да додадеме дека: Божјата благодат може да ги посетува очистените и достојните, како што и кога што таа ќе оцени дека е полезно за нив самите или за надградба на Телото Христово, односно на Црквата. Меѓутоа тие опити ниту се изнудуваат ниту се цел за себе.

Светителите советуваат да бараме покајание, кое и самото е Божји дар, и кое според светиот Исаак Сирин е највозвишено од сите добродетели. Значи, покајание да бараме, а не да правиме чуда, што може, доколку немаме смирение, да ни наштети или дури да нé уништи.

Начинот на кој Светителите го одбиваат искушението на желба за “опити” е смирениот начин на мислење.

Во житието на блаженоупокоениот Старец Паисиј Светогорец се наведува следнава случка:

Една вечер додека бдеел молејќи се, му се сторило дека се отвара таванот на келијата и дека ќе се појави Христос да го благослови. “Боже мој, кој сум јас за да се удостојам да Те видам?”, била смирената помисла што веднаш ја помислил, и видението што го подготвувал ѓаволот да му го покаже молничаво исчезнало.

Критериум за автентичноста на Православната аскеза е истата да се врши со усрдност (поим што особено го нагласуваше блаженоупокоениот Старец Паисиј) и љубов, со смирение и расудување и, се разбира, без да ја следиме сопствената волја. Значи, да се врши со послушание и тоа со “радосно послушание”, за да се сетиме и на еден друг голем наш современ Свет Старец кој се упокои, а тоа е отецот Порфириј.

Можеби некој лесно може да направи петстотини метании следејќи ја својоата волја, своето мислење, својата проценка, имајќи доверба во себеси. Меѓутоа, да направи сто со послушание е потешко, бидејќи во тој случај лукавиот е тој што попречува и војува, а во првиот случај дава сила и укрепува.

Разликата помеѓу Православната аскеза од една страна и демонската “аскеза” од друга страна, се гледа во расказот од Старечникот во врска со авва Макариј Египетски:

Еднаш кога одеше Авва Макариј кон својата келија, носејќи палмови гранки, го сретна ѓаволот по патот со срп. И сакаше да го удри, но не можеше. И му рече: “Голем отпор наоѓам кај тебе, Макариј, не можејќи да ти сторам зло. Меѓутоа, сé што правиш ти, правам и јас. Ти постиш? А јас не јадам воопшто. Бдееш? А јас не спијам воопшто. Само едно нешто имаш со кое ме победуваш”. Авва Макариј го праша: “Кое е тоа нешто?”. А тој му одговори: “Твоето смирение. Тоа ме обессилува”.

Од она што беше наведено до сега, верувам стана јасно дека Православната аскеза, а особено молитвата, во суштина нема никаква сличност и сродност со јогата и со медитацијата што ги негуваат далекуисточните религии и групите на т.н. Нова Епоха. Оние кои го велат спротивното, тие или ги заблудуваат луѓето негувајќи ја новоепохиската конфузија на ересите, или паѓаат како жртви на таа конфузија.

Единствениот безбеден начин за да не падне некој како жртва на ересите е свесно и органски да ñ припаѓа на Православната Црква, која е единствениот ковчег на спасението за човекот, бидејќи го одржала нефалсификувано Евангелието и преданието што ни го предаде во наследство Светиот Дух преку Светите Апостоли и преку нивните наследници. Само тогаш бива покриван од Божјата благодат, се просветлува од Светиот Дух и безбедно бива воден кон спасението.