Митрополит на Лемесос Атанасиј: УЛОГАТА НА ДУХОВНИКОТ

Од книгата за Старецот Силуан претходно ги разгледавме темите за гордоста, за смирението за духовното движење во просторот на Црквата и сега се наоѓаме кај следниот поднаслов. Старецот вели: Многумина кога ќе дојдат во контакт со монаси не гледаат кај нив ништо значајно и се оддалечуваат незадоволни и дури и разочарани. Тоа се случува затоа што му пристапуваат на монахот со погрешен критериум и со несоодветни барања. Read the rest of this entry »

Старец Арсениј Папачок од Романија: ЗА ТАЈНАТА НА ЉУБОВТА

Овој свет не е виновен. Ние сме виновни, затоа што не знаеме да го љубиме и да го цениме! Што сме направиле ние за овој свет? Тоа е она што се бара!

Една голема љубов за Бога бара постојана жртва. Не можеме никогаш да живееме без проблеми и без стрели насочени кон нас. Не слушате што ни вели Христијанското учење? Не дојдов да донесам мир на земјата, туку меч… и непријатели на човека ќе му бидат неговите домашни… (Мат. 10, 36). Но сето тоа не треба на никаков начин да го обезнадежува човекот. Дури и кога човекот често е изложен на тие несреќи, тоа не значи дека ќе се разочара во својата борба. Не! Бог ја знае твојата мака и со тие неволји те испитува, за да те направи достоен да се овенчаш со Неговата богата и вечна благодат. Тоа посакува да го направи Бог во твојот живот. Да те овенча со невенливите цветови на рајот уште од овој живот. Read the rest of this entry »

Митрополит на Навпактос Јеротеј: ВРСКИ НА ИСЛАМОТ СО ПРАВОСЛАВИЕТО И СО ЗАПАДНОТО ХРИСТИЈАНСТВО

Исламот се прошири од Исток кон Запад и познато е дека западното општество денес е преплавено од Муслимани. Го велам ова затоа што многумина од нас ја немаат осознаено суштината на проблемот и затоа во нашата мисла го имаме поврзано Муслиманството со Истокот. Read the rest of this entry »

Монах Арсениј Влианкофтис: ЈОГА И МЕДИТАЦИЈА

Нашава епоха е епоха на голема духовна конфузија и отпадништво од Божјата волја. Татко на таа состојба е ѓаволот, кој употребува луѓе што ги вовлекува во заблуда, за да го реализира својот човекоубиствен план. Таа конфузија ја негуваат воглавно групите на таканаречената “Нова Епоха”. Нивна основна догма е дека сите религии се исто. Сите се патишта кои водат кон истата цел. Меѓутоа, Самиот Господ наш Исус Христос ги побива велејќи во Евангелието: Јас Сум Патот и Вистината и Животот (Јован. 14, 6). Според тоа, не постојат многу патишта кон спасението, освен едниот и единствен, а тоа е Христос и Неговата Црква. Read the rest of this entry »